ДЕФЕКТОЛОШКА
ПРОЦЕНКА И ТРЕТМАН

Центарот нуди дефектолошка проценка и третман за деца со развојни потешкотии и посебни потреби. Нашите специјалисти користат индивидуални програми и активности прилагодени на детските интереси и способности, со цел да се постигнат поставените цели. Третманот се спроведува преку методите на Монтесори, Флортаим метод и психомоторна реедукација, стимулирајќи го раниот развој на децата низ игра.

Што вклучуваа

Дефектолошкиот третман се спроведува низ игра. Индивидуалната превентивно-корективната работа подразбира спроведување на активности со цел постигнување на поствавените цели. Сите активности предвидени во индивидуалната програма за детето се прилагодуваат според детските интереси, способности и можности притоа применувајќи позитивен психолошки пристап. Третманот се базира на методите на Монтесори, Флортаим метод како и на психомоторната реедукација (примена на движења во игра). Основата на секој стимулативен третман е стимулација на раниот развој низ игра.

Третманите можат да бидат организирани како:

– интензивни третмани (4-5 пати неделно во траење од 45-60 минути) 

– полуинтензивни (1-3 пати недлно во траење од 45 -60 минути)

Побарај термин




    ЛОГОПЕДСКО
    ТЕСТИРАЊЕ И ДИЈАГНОСТИКА

    Нашите логопеди го обработуваат и проценуваат секој случај со помош на најсовремените тестови и мерни инструменти. Логопедската дијагностика вклучува проценка на комуникациските вештини, јазично-говорниот развој, вештините за читање, пишување и сметање, како и фонолошко-артикулациските вештини. 

    Што вклучуваа

    Во нашиот центар, логопедската дијагностика се врши со помош на современи тестови и инструменти, каде се проценуваат комуникациските и јазично-говорни вештини на децата, започнувајќи од третата година на животот. Првичната средба вклучува одлучување за третманските методи заедно со родителите. Нашите логопедски третмани се индивидуални, траат 30 минути и се спроведуваат 2-3 пати неделно. Најважно во третманот е активната комуникација со родителите и нивната свест за потешкотиите на детето, со цел да се ускладат со способностите и можностите на детето. Овие третмани се фокусираат на рана интервенција, стимулирање на говорот, усогласен говорно-јазичен развој, комуникациски нарушувања, јазични потешкотии, како и пореметувања во течноста на зборувањето, моторни говорни нарушувања и артикулациони нарушувања.

    Побарај термин




      РАБОТА СО РОДИТЕЛИ

      Во Центарот ставаме голем акцент на комуникацијата со родителите, бидејќи тие се клучен дел во целиот третмански процес. Нудиме индивидуална советодавна работа со родители и им помагаме да ги ускладат своите желби со реалните способности и можности на детето. 

      Побарај термин