Кои сме ние?

Здружението на граѓани за физичко и ментално здравје „ЦЕДУЗ“ од Скопје е посветена институција чија главна мисија е поддршка, поттикнување и подобрување на животот на децата со развојни потешкотии и посебни потреби. Основани во 2014 година, со два современи центри во Скопје (Аеродром и Карпош), создадовме сигурно место каде децата учат, растат и го достигнуваат својот полн потенцијал.

Фокусирани сме на децата на возраст од 6 недели до 14 години, со акцент на рана стимулација и холистички развој.

Зад секој успех на децата стои нашиот буден и висококвалификуван тим од професионалци. Нашата експертиза е стекната преку континуирана едукација во Македонија и странство.

Нашата мисија

Секојдневно да иновираме, да ги подобруваме нашите програми и да ги усогласуваме најдобрите светски практики во дефектологијата и логопедијата, со цел да му овозможиме на секое дете пристап до најдобрата можна поддршка.

Нашата визија

Свет во кој секое дете, без разлика на неговите развојни предизвици, има еднаква можност да го достигне својот потенцијал, да ги развие своите таленти и да живее исполнет и среќен живот.