Развојните чекори се важни! Начинот на кој вашето бебе си игра, учи, зборува, се однесува и се движи нуди важни знаци за неговиот развој. Проверете ги развојните чекори кои вашето бебе ги постигнало до 9 месеци. Споделете ги со педијатарот на секој редовен преглед.
Социоемоционален развој
Срамежливо е, прилепливо или плашливо во присуство на непознати луѓе
Покажува неколку изрази на лицето: среќно, тажно, луто, изненадено
Гледа кога ќе го повикате по име
Реагира кога ќе заминете (гледа, посега кон вас или плаче)
Се смее или кикоти при игра, пример: криенка или „ѕе“
Јазик & Комуникација
Прави различни звуци како „мамамама" и „бабабаба"
Ги крева рачиња за да го земете
Когнитивен развој
Бара предмети кога ќе му излезат од вид (на пример, лажичка или играчка)
Удира два предмети еден во друг
Моторика & Физички развој
Само доаѓа до седечка положба
Ги пренесува предметите од едната во другата рака
Ги користи прстите да „грабне" храна кон себе
Седи без поддршка
На 9 месеци, вашето бебе е на ред за општ развоен скрининг, препорачан за сите деца. Прашајте го педијатарот за развојниот скрининг за вашето бебе или контактирајте го тимот на ЦЕДУЗ за повеќе информации.