Развојните чекори се важни! Начинот на кој вашето бебе си игра, учи, зборува, се однесува и се движи нуди важни знаци за неговиот развој. Проверете ги развојните чекори кои вашето бебе ги постигнало до 6 месеци. Споделете ги со педијатарот на секој редовен преглед.
Социоемоционален развој
Ги препознава познатите луѓе
Сака да се гледа во огледало
Се смее
Јазик & Комуникација
Наизменично прави звуци со вас
Прави „балончиња" (го вади јазикот надвор и дува)
Прави пискави звуци
Когнитивен развој
Ги става предметите во уста за да ги истражи
Посега кон играчката која ја сака
Ги затвора усните за да покаже дека не сака повеќе храна
Моторика & Физички развој
Се превртува од стомак на грб
Се потпира на испружени раце кога лежи на стомак
Се потпира на рацете за да се одржи во седечка положба