Развојните чекори се важни! Начинот на кој вашето дете си игра, учи, зборува, се однесува и се движи нуди важни знаци за неговиот развој. Проверете ги развојните чекори кои вашето дете ги постигнало до 5 години. Споделете ги со педијатарот на секој редовен преглед.
Социоемоционален развој
Следи правила и чека ред кога игра игри со други деца
Пее, танцува или глуми за вас
Врши едноставни домашни работи, на пример спарува чорапи или ја расчистува масата по јадење
Јазик & Комуникација
Раскажува приказна која ја слушнал или измислил со барем два настани. На пример: „Мачка се заглавила на дрво, па дошол некој чичко и ја спасил."
Одговара на едноставни прашања за книга или приказна откако ќе ја прочитате или ќе му ја раскажете
Одржува разговор со повеќе од три наизменични одговори
Користи или препознава едноставни рими (пример лесна-песна, марко-шарко)
Когнитивен развој
Брои до 10
Именува некои броеви меѓу 1 и 5 кога ќе покажете кон нив
Користи зборови за времето, на пример „вчера", „утре", „наутро" или „навечер"
Обрнува внимание 5 до 10 минути за време на активности, на пример при читање приказна или боење боенка (време пред екран не се рачуна)