Развојните чекори се важни! Начинот на кој вашето дете си игра, учи, зборува, се однесува и се движи нуди важни знаци за неговиот развој. Проверете ги развојните чекори кои вашето дете ги постигнало до 2 години. Споделете ги со педијатарот на секој редовен преглед.
Социоемоционален развој
Забележува кога другите се повредени или вознемирени, на пример застанува или изгледа тажно кога некој плаче
Го гледа вашето лице за да види како да реагира во нова ситуација
Јазик & Комуникација
Покажува со прст кон нешто во книга кога ќе прашате, на пример „Каде е мечето?"
Кажува барем два збора заедно, на пример „Уште млеко"
Покажува барем два дела од телото кога ќе го прашате
Користи повеќе гестови освен мавтање за „чао" и покажување со прст, на пример праќа бакнежи или кима со глава
Когнитивен развој
Држи нешто во едната рака додека ја користи другата, на пример држи кутија и го вади капакот
Се обидува да користи копчиња, врталки или прекинувачи на играчка
Си игра со повеќе играчки истовремено, на пример става играчка храна на играчка тањир
Моторика & Физички развој
Шутира топка
Трча
Оди (не се качува) по неколку скали со или без помош
Јаде со лажичка
На 2 години, вашето дете е на ред за скрининг за аутизам, препорачан за сите деца. Прашајте го педијатарот за развојниот скрининг за вашето дете или контактирајте го тимот на ЦЕДУЗ за повеќе информации.