Развојните чекори се важни! Начинот на кој вашето дете си игра, учи, зборува, се однесува и се движи нуди важни знаци за неговиот развој. Проверете ги развојните чекори кои вашето дете ги постигнало до 18 месеци. Споделете ги со педијатарот на секој редовен преглед.
Социоемоционален развој
Се оддалечува од вас, но проверува дали сте блиску
Покажува со прст за да ви покаже нешто интересно
Ги испружува рачињата за да ги измиете
Гледа неколку страни во книга заедно со вас
Помага при облекување, на пример ја провлекува раката низ ракавот
Јазик & Комуникација
Се обидува да каже три или повеќе зборови освен „мама" или „тато"
Следи едноставни упатства без гестови, на пример ви дава играчка кога велите „Дај ми"
Когнитивен развој
Ги копира вашите домашни задачи, на пример мете со метла
Си игра со играчки на едноставен начин, на пример турка количка
Моторика & Физички развој
Оди без да се придржува за некого или нешто
Шара или чкрта на хартија
Пие од чаша без капаче, но можно е понекогаш да му се истура
Се храни со прсти
Се обидува да користи лажичка
Се качува и слегува од кауч или стол без помош
На 18 месеци, вашето дете е на ред за општ развоен скрининг и скрининг за аутизам, препорачани за сите деца. Прашајте го педијатарот за развојниот скрининг за вашето дете или контактирајте го тимот на ЦЕДУЗ за повеќе информации.