Развојните чекори се важни! Начинот на кој вашето дете си игра, учи, зборува, се однесува и се движи нуди важни знаци за неговиот развој. Проверете ги развојните чекори кои вашето дете ги постигнало до 15 месеци. Споделете ги со педијатарот на секој редовен преглед.
Социоемоционален развој
Ги копира другите деца при игра, на пример вади играчки од кутија кога друго дете претходно ќе го направи тоа
Ви покажува предмет кој му се допаѓа
Плеска рачиња кога е возбудено
Прегрнува плишана играчка или друга играчка
Ви покажува наклоност (прегрнува, милува или бакнува)
Јазик & Комуникација
Се обидува да каже еден-два збора освен „мама" или „тато", на пример „то" за топка
Гледа во познат предмет кога ќе го именувате
Следи упатства дадени со гест и зборови. На пример, ви дава играчка кога ја испружувате раката и велите „Дај ми"
Покажува со прст за да побара нешто или да добие помош
Когнитивен развој
Се обидува да ги користи предметите на вистински начин, на пример телефон, чаша или книга
Реди два мали предмети еден врз друг, на пример коцки