Развојните чекори се важни! Начинот на кој вашето бебе си игра, учи, зборува, се однесува и се движи нуди важни знаци за неговиот развој. Проверете ги развојните чекори кои вашето бебе ги постигнало до 12 месеци. Споделете ги со педијатарот на секој редовен преглед.
Социоемоционален развој
Игра игри со вас, на пример „ѕе"
Јазик & Комуникација
Мавта за „чао"
Го вика родителот „мама" или „тато" или со друго посебно име
Разбира „не" (кратко паузира или запира кога ќе го кажете)
Когнитивен развој
Става нешто во сад, на пример коцка во чаша
Бара предмети кои видел дека ги криете, на пример играчка под ќебе
Моторика & Физички развој
Се исправа со придржување
Оди со придржување за мебел
Пие од чаша без капаче додека ја држите
Зема предмети меѓу палецот и показалецот, на пример ситни парчиња храна